Постарите генерации со симпатии се сеќаваат на Словенечките моторчиња TOMOS, кои беа омилено превозно средство за многу граѓани во екс Југославија за кои требаше да се издвојат само три просечни плати.
Приказната за ТОМОS започна пред седум децении, во 1954 година, кога е донесена одлуката да се отвори фабрика за моторцикли, во Сежана, а името потекнува како скратеница од полното име на фабриката – TOvarna MOtornih koles Sežana.
Но, бидејќи во тој регион најразвиено индустриско место бил Копар, подоцна и консензуално донесена е одлука фабриката да се пресели во овој Словенечки град, каде остана до крајот на своето постоење.

Уште во 1958 година, во фабриката, која очигледно била форсирана од тогашните власти, веќе работеле околу 1.000 работници, а Копар бил претворен во Југославија во мало, во која се преселиле голем број на стручни кадри од Федерацијата.
Оваа бројка на работници на почетокот од седумдесетите години, кои се сметаат за врв на компанијата, се зголемила на дури 3.000 работници.

На почетокот, фабриката започнала да конструира моторцикли по лиценца на PUCH, кои веројатно поради својата робусност идеално се прилагодиле на тогашната лоша инфраструктура во државата.
Паралелно со производството, врвот на компанијата работел и на развој на сопствени продукти.
Првиот автентичен модел на TOMOS, наречен Colibri, бил претставен веќе во 1959 година, кога во Копер пристигнал и Јосип Броз Тито.

Во следните пет децении ТОМОS ќе исфрли педесетина модели, но сите се повеќе или помалку варијации на тема Colibri.
Фабриката уште од својот почеток, беше позната и успешна и како производител на вонбродски мотори, а пионер во оваа категорија беше моделот Tomos Lamo-05K.

Покрај неприкосновениот статус во Југославија, ТОМОS успешно оперира и во Холандија каде е отворена фабрика од 29 работници кои произведувале околу 10.000 мотори годишно.
Со порастот на куповната моќ на населението, луѓето почнале се повеќе да купуваат автомобили, а за да ги задржи барем младите купувачи, TOMOS го исфрла моделот – Tomos 90 Electronic, кој можел без проблем да развие брзина над 100 км/h.

Со овој моторцикл, TOMOS го дчекува распадот на Југославија кој го уништува и дроби пазарот од 20 милини купувачи. Настапува и се посилната конкуренција од Кина и Тајван кои го дотолчуваат претпријатието за кого е потегната болна стечајна постапка.
Приказната завршува во 2019 година, кога фирмата конечно згаснува, но ќе остане уште долго во меморијата на носталгичарите на едно сосем друго време.







