Според последните информации, во Германија расте продажбата на користени возила, а просечната старост на автомобилите се движи околу 10,3 години.
Статистиката вели дека минатата година, својот сопственик го промениле 6,5 милиони автомобили, што претставува пораст за 7 проценти, во споредба со претходната 2023 година.
Истовремено, продажбата на нови автомобили паднала за 1%.
Според експертите, ваквата состојба делумно се должи на кризата во Германија, дел на покачените цени на новите автомобили, а сериозна причина е веројатно и падот на продажбата на електрични автомобили.
Како резултат на постариот возен парк во земјата, се забележува пораст на прометот во делот на сервисни услуги за 7,4%, на 36 милијарди евра.







