Прес конференции, убаво организирани штандови во саемската зграда и надвор од неа, панели и разговори на кои се дискутираше за новите технологии, новите начини на организација на мобилноста, тест возења…
Вака изгледаше првиот (новинарски) ден од Саемот за автомобили IAA Mobility 2025 кој се одржува оваа година во Минхен.

Главно доминираа германските брендови, кои на јавноста и претставуваа новини и премиери, концепти и визии за иднината… но тука беа и неколку брендови со Кинеска ДНК, кои веќе сериозно пенетрираат на Европскиот континент.

Новинарите, особено оние специјализираните, се трудеа да присуствуваат на сите позначајни настани, прес конференции и панели и автентично да ја доловат ситуацијата во авто индустријата, но уште поважно, да ја пренесат и визијата за настаните што следат во оваа огромна бизнис гранка, на која, секако неи цветаат рози во последно време.

Од утре, 09.09.2025 година, Саемот е отворен за сите посетители.







