Според официјалните податоци, Италијанскиот бренд Alfa Romeo, кој функционира под капата на Stellantis Групацијата, во 2025 година продаде 73.000 возила што претставува пораст од 20%, во споредба со претходната, 2024 година.
За овој пораст големо влијание има и освежената палета, како и фактот дека брендот повеќе не зависи само од продажбата на Giulia и Stelvio.

Најголем дел од продажбата носи моделот Junior, додека втор по продажба е Tonale.
симболична по волуменот е и продажбата на 33 Stradale, која и во името и во реалноста беше ограничена на 33 примероци, но секако овој луксузен спортски автомобил имаше поинаква задача, да работи на бренд имиџот.

Во вкупната продажба, над 80% од волументот беше продаден во Европа.







