Минатата 2025 година, Renault го отвори својот мултимедијален центар, на фамозната улица Шампс Елизе во Париз.
Во овој центар можете да ги видите новите автомобили на Renault, да поразговарате со продажни консултанти, но и да се напиете кафе или да присуствувате на забава, промоција, журка или деловен настан.

Сега, од 4ти Март до 26 Април, во овој центар наречен Carwalk, можете да проследите и интересна Pop Art Изложба, на која се поставени храбри инсталации, цртежи, слики и модели во силни и изразити бои, карактеристични за модерната улична уметност.

На настанот ќе може да се проследат и други интересни манифестации, како што се :
- Перформанс во живо на артистот Џошуа Вибес, кој ќе прави уметничко дело на Twingo E-Tech electric од 9 до 11 Aприл;
- Разговори на артисти, куратори, дизајнери, и експерти од областа на автомобилскиот дизајн.
- DJ сетови
- Водени разгледувања на индустриската индустрија на Renault и како таа ја храни креацијата.
Во продолжение погледнете дел од уметничките инсталации во мултимедијалниот центар на Renault.
















