Piaggio Ape оди во историја

317

Легендарното мало Италијанско моторче нa три тркала Piaggio Ape, повеќе нема да се произведува во Италија.

По 76 години, моторчето Ape (во превод – пчелка), повеќе нема да се произведува во фабриката на Piaggio Vespa во Тоскана.

Фото – Piaggio

Моторчето кое во суштина претставува Vespa со три тркала, на која низ историјата се надоградуваа бројни комерцијални форми (товарен сандак, киоск, комплетно кафуле на тркала…) и кое идеално се пробиваше по тесните Италијански улици, во иднина ќе може да се набави и вози само на пазарите во Индија и Азија, каде безбедносните и стандардите за издувна емисија се полабави од оние во Еврпската Унија.

Да се прилагодува ова моторче на европските норми, според раководството во Piaggio, би било тотално неисплатлив проект во Европа.

Оваа вест им падна многу тешко на сите носталгичари во Италија, како и на помладите кои Ape можеа да го возат и со само 14 години.

Реклама