Според последните информации, во првите девет месеци од 2025 година, во Европа е забележан сериозен пад во продажбата на премиум лимузините од средната класа за вртоглави 19%.
Според анализата на Automotive News Europe, продажбата на моделот BMW од Серија 3 паднала за 23%, Mercedes C-Класа, паднала за 14%.
Една од главните причини за падот на продажбата во овој сегмент, се должи пред се на падот на флотната продажба (продажба на фирми) од 30%, кои се почесто се решаваат за купување на SUV или кросовер автомобили.







