Oтворен Саемот за автомобили во Белград

432

Денес, 20.03.2025 година, официјално беше отворен 56-тиот Меѓународен Саем за автомобили во Белград кој ќе трае до 26-ти овој месец.

На истата манифестација, под истиот кров, се одржува и 17-тиот Меѓународен Саем за моторцикли, квадови, скутери и опрема под името „Motopassion“.

Саемот за отворен го прогласи младиот возач Андрија Ѓорѓевиќ, кој вози во Formula 4 и кој од неодамна настапува во тимот на семејството Шумахер. Тој во кратко обраќање, изјави дека му е чест што го отвара реномираниот Саем, и дека се надева деказа неколку години на оваа манифестација ќе го донесе и сопствениот болид во F1.

На Саемот за автомобили во Белград ќе изложуваат 105 брендови, кои ќе претстават 180 новитети.

Како најскап примерок на манифестацијата беше издвоен Maserati GT2 Stradale, кој чини околу 480.000 евра.

Интерес, секако ќе предизвикаат и Азиските модели и автомобили , особено оние кои доаѓаат од Кина и кои за разлика од минатата година кога имало само 3 изложувачи, оваа година настапуваат дури 20 фирми од Кина.

Реклама