Porsche започна да одбројува. Следната недела, поточно на 19ти Ноември, не очекува официјалната светска премиера на новиот Porsche Cayenne Electric кој според првичните информации ќе има моќност од 1.000 коњски сили.

А по промоцијата, веќе на почетокот на следната година, новиот Cayenne треба да им се придружи на другите два електрични модели на Porsche – Taycan и Macan Electric.
Иако германскиот бренд од Вајзак, инвестираше огромни средства, време и енергија во развивање на електрификацијата, што е и логично ако се земе најавата на Европската Унија дека автомобилите на бензин и дизел ќе се укинат во 2035 година, Cayenne Electric ќе се продава паралелно со варијантите со мотори со внатрешно согорување.
Ваквата одлука на Porsche сигурно се базира на фактот дека развојот на електричните автомобили расте, но не со планираната динамика.
Со официјалната премиера за неколку дена, ќе започне да живее новата, четврта генерација на моделот Cayenne, кој за прв пат беше лансиран под автомобилското небо пред 22 години.
Според информациите од компанијата, моделот ќе биде базиран на архитектурата на 800V Premium Platform Electric на Volkswagen, истата онаа што ја користат и моделите Porsche Macan Electric и Audi Q6 E-tron.
Cayenne Electric од својот бензински брат ќе се разликува по обликот во предниот дел кој ќе има поголема аеродинамичност, по прозорите кои ќе немаат рамки и скриената рачка за отворање на вратата.

SUV моделот ќе биде долг 4.979 мм, што го прави подолг од претходната генерација за 49 мм. Меѓуоскиното растојание е 3.020 мм, што е за 35 мм повеќе од бензинската верзија.
По SUV моделот, најавена е и поелегантна Coupe varijanta.
Батеријата на Cayenne Electric треба да обезбеди автономија од 600 километри со едно полнење, а за полнењето од 10 до 80% од капацитетот на батеријата ќе бидат потребни 16 минути.
Во ентериерот на Cayenne Electric најавен е најатрактивниот и најбогат кокпит во историјата на брендот.








