Околу 1.000, најсреќни и најпривилегирани клиенти на Италијанскиот бренд со разиграното коњче на хаубата, Ferrari, се собраа на Брегот Амалфи во Јужна Италија за да го проследат свеченото промовирање на новото ремек дело, новото купе за 4 патници – Ferrari Amalfi.

Името на новиот спортски убавец, го носи името на прекрасното крајбрежје на Јужна Италија, традиција која продолжува, по моделите – Portofino и Roma
“Ferrari е горд што ја избра токму Јужна Италија како центар на премиерата на новиот модел Amalfi.” – изјави Енрико Галиера, директорот за маркетинг и комерција на Ferrari. “Како амбасадор на Италија во светот, Ferrari е навистина горд што може на своите клиенти да им ги претстави овие природни убавини и да ги внесе во центарот на внимнието на светот. Кога мислевме на името на новиот модел, Amalfi се наметна како природен избор, исто како и ова реновирано прекрасно место.”

Што знаеме за новото ремек дело на Ferrari?
Аmalfi е ново, освежено купе кое треба да го замени досегашниот модел – Roma.

Moторот е сместен напред, а во ентериерот има четири седишта. Останува 3,9 литарскиот мотор твин-турбо V8, со уште повеќе сила од претходникот (640 коњски сили – 20 повеќе од Roma).

Вртежниот момент е 760 Nm, доволно да се постигне забрзување од 0 до 100 km/h, за само 3,3 секунди, како и да се постигне максимална брзина од 320 km/h.
Дизајнот многу прилега на Roma, а и димензиите се многу слични.

Amalfi се очекува да влезе во производство кон крајот на оваа, 2025 година.
Може да се очекува и модел со подвижен кров, бидејќи Ferrari веќе го заштити и името Amalfi Spider.
Цената на ова колекционерско богатство, ќе се движи околу 300.000 евра.








