На почетокот на новата година, Германскиот автомобилски бренд од Волфсбург, Volkswagen, ширум ги отвори вратите на својот ID. Polo и на своите фанови им даде можност да ѕирнат во ентериерот на своите идни модели.

Она што може да се забележи “од прва” е чистината на дизајнот и интуитивните контроли, прибрани од фидбекот на клиентите и срочени во нов, ентериерен концепт.
Се враќаат копчињата а имплементирани се и новите структурални екрани.

Инфотејнмент системот има нова софтверска генерација, што значи дека новиот ID. Polo ќе добие нови и освежени функции, меѓу кои особено се истакнува третата генерација на Travel Assist која набргу ќе детектира црвено светло и стоп знаци.
Со сосема новиот ID. Polo, Volkswagen го користи новиот дизајнерски јазик ‘Pure Positive’, а сите елементи, изработки и материјали се направени на начин да го потенцираат – квалитетот и интуитивноста, леснотијата во користењето.

Во ентериерот кај новиот ID. Polo може да се забележат два големи екрани, поставени во иста линија на видикот.
Зад воланот, стандардно е сместен дигиталниот кокпит со дијагонална линија од 10,25 инчи, или 26 сантиметри.
Вториот, централно поставен дигитален дисплеј од речиси 13 инчи (33 сантиметри) е чувствителен на допир, со висока резолуција и поставеност која го прави лесно достапен за возачот, но и за совозачот.
Под централниот дисплеј, се поставени и посебни копчиња за контрола на клима уредот.

ID. Polo носи и сосема нов волан со повеќе јасно препознатливи физички копчиња.
Во средината, помеѓу делот за паметниот телефон и држачот на чаши е поставено и вртливо копче со кое можете да ја подесувате гласноста на аудио системот и да ги пребарувате радиостаниците.

А специјалниот зачин, кој дизајнерите на Volkswagen го подготвија за ID. Polo е специјалниот ретро дизајн, кој се активира со притискање на едно копче на воланот, и со кој дигиталниот кокпит се трансформира во оној од легендарниот Golf 1 од осумдесеттите години.








