Новиот CX-5 на Мазда

42

Јапонската, европската и светскaта јавност со нетрпение ја очекуваа промоцијата на новиот SUV на MAZDA, популарниот CX-5, кој за прв пат беше промовиран во светот на автомобилите во далечната 2012 година.

И ова дефакто беше првиот модел кој целосно ја имплементриаше дизајнерската тема на Мазда под работно име – КОДО – Soul of motion, или Душа на движењето, како и SKYACTIV Технологијата која испорачува одлични возни перформанси и сериозно влијае на квалитетот на воздухот.

Од таа 2012 година SUV моделот CX-5 стана најпродаваниот модел на Мазда со продажба во околу 100 земји и со над 4,5 милиони продадени примероци.

Она што особено и се допаѓа на публиката кај CX 5 секако се спортскиот и урбан дизајн, одличните возни својства и внимателно изработениот ентериер.

Денес, CX-5 веќе и официјално ја живее својата трета генерација.

Веќе имплементираниот КОДО дизајн, по 23 години е издигнат на уште повисоко ниво, ентериерот нуди повеќе простор и поголем комфор, возните својства се уште повозбудливи и може да функционира како идеален семеен SUV автомобил со кој одите на шопинг, на работа, на одмор…

Дополнително, како и  останатите модерни автомобили новиот CX-5 има напредни системи за асистенција на воачот (ADAS) кои ја подобруваат безбедноста и му помагаат на возачот во секојдневните авантури на патот, а и надвор од него.

Тука е и модерната конективност, со која возачот и сопатниците добиваат екстра вредност од апликациите, системот за навигација, мултимедијалните системи, со што патувањата се полесни, побрзи но и повторно ќе истакнеме – многу поинтересни и повозбудливи, а луѓето се повеќе се поврзуваат и комуницираат со машината.

Новиот  CX-5 веќе започна да пристигнува во салоните во Европа, во некои земји тоа ќе го направи на почетокот од следната, 2026 година.

Во погледн ан димензиите новиот CX5 – е долг 4.690 мм, широк 1860 мм и висок 1.695 милимери.

Моторот е е-skyactive G 2,5 со Мазда M хибрид.

Спарен е со 6 степен автоматски менувачwill arrive showrooms in Europe at the end of 2025; and in other markets during 2026. На одредени пазари мож да се порача и со 2,5 литарски бензински мотор со директно вбризгвање, а во Европа и Јапонија ќе биде достапен со благиот хибрид спарен со 2,5 литарски бензински мотор.

Реклама