Новиот Aston Martin го одзема здивот

121

Британската компанија го лансираше новиот Aston Martin Vantage Roadster, кој со своите атрактивни дизајнерски линии целосно го одзема здивот.

Покрај атрактивната предна маска и вајаното тело, новиот Roadster има и неверојатно модерна внатрешност. За да ја видите истата, требате да го симнете сончевиот кров што може да се направи и во движење д брзина од 50 km/h, а процесот на симнување а кровот трае 6,8 секунди.

Аston Martin

Кабината е, сосема очекувано, дигитализирана со дисплеј осетлив на допир и голем 10,25 инчи.

Се разбира кај миленикот на Џејмс Бонд, силен адут е и моторот –  4,0 литарски twin-turbo V8 мотор со 665 коњски сили и обртен момент од 800 Nm.

Аston Martin

Максималната брзина е 325 km/h, а до 100 се стигнува за само 3,5 секунди.

За новиот Vantage Roadster, ќе ви требаат само 175.000 фунти.

Реклама