Новата Mercedes-Benz S Класа. Вистински знаменосец!

89

Производителот на луксузни автомобили од Германија, Mercedes-Benz, оваа година слави фантастичен јубилеј од 140 години.

140 години од моментот кога за прв пат легендарниот Карл Бенц, официјално го поднесе патентот за машината на тркала, наречена автомобил.

Првиот автомобил на светот, патентиран од Карл Бенц во 1886 година

И како што изјави генералниот директор на Mercedes-Benz, Ола Калениус, на свечената манифестација по тој повод, ниту еден конкурент не може да го избрише фактот дека Mercedes Benz е вистинскиот и автентичен основоположник на авто индустријата.

Спектакуларниот момент за брендот од кој бликаат историја и традиција, луѓето од Mercedes-Benz, решија да го прослават дома. Во Mercedes-Benz Музејот лоциран во Штутгарт.

А на блескавиот настан на 29 Јануари, покрај јубилејот, за прв пат, премиерно, пред голема бројка на клиенти, партнери и фанови беше прикажана и сосема новата S Класа.

Знаменосецот на Mercedes и лидер во својот автомобилски сегмент на луксузни седани.

За новата S Класа, се вели дека повеќе од 50 проценти од автомобилот, или вкупно 2.700 компоненти се нови, обновени или освежени.

На неа, за прв пат ќе ја видите и целосно осветлената ѕвезда на предната хауба, што дополнително го зајакнува нејзиниот статус, имиџ и моќ. Маската е за 20% поголема од претходната, и е исто така осветлена.

Дигиталните светла се од новата генерација на двојни ѕвезди, со микро LED технологија која испорачува околу 40% поголемо видно поле.

Динамичкото Ultra Range долго светло ќе има домет до околу 600 метри, или околу 6 фудбалски стадиони, што одлично ќе ги осветли темните улици, без притоа да ги заслепи другите учесници во сообраќајот.

Инжинерите, најмногу го истакнуваат (MB.OS) Mercedes-Benz Оперативниот систем, кој претставува суперкомпјутер, кој може да се нарече и мозок на возилото, кој ги поврзува сите системи на возилото во еден интелигентен еко систем.

Стандардната опрем ќе го вклучува и MB.DRIVE ASSIST кој ги вклучува Асистенттот за одржување растојание, со помош за влегување во свиоци и одржување лента.

Системот Evasive Steering Function Plus – автономно ги заобиколува предметите или другите возила кои опасно ви се приближуваат во вашата коловозна лента и лесно избегнува можни сообраќајни незгоди.

Системот пак Proactive Lane Change Assist, самостојно ја менува коловозната лента кога се движите по автопат.

MB.DRIVE ASSIST PRO системот нуди и други проактивни активности како што се автоматско запирање пред стоп знак и на црвено светло од семафорот.

Вљубениците во технологијата и инфотејнментот ќе бидат заљубени во новиот MBUX Superscreen.

Преку екранот можете да влезете во директна интеракција со таканаречениот “Hey Mercedes” виртуелен асистент базиран на вештачката интелигенција, со кој можете да водите нормална и неформална комуникација додека патувате.

Виртуелниот Асистент доаѓа во соработка со ChatGPT4o и Microsoft Bing како и со Google Gemini, и истиот комбинира повеќе агенти од вештачката интелегенција во еден систем.

Очекувано, за автомобил од оваа класа, внимавано е и на патниците во задната клупа, кои имаат 13,1 инчни екрани преку кои може да се вози видеоконференција или да се следат одредени содржини преку мултимедијалните платформи.

Под хаубата, се сместени повеќе видови дизел, бензински и хибридни мотори, сите напредни и со многу иновативна технологија во себе.

Понудата започнува со 3.0 литарските дизел агрегати со моќност од 313 коњски сили (230 kW) и вртежен момент од 650 Nm, додека втората варијанта на моторот испорачува 367 коњски сили (270 kW) со вртежен момент од 750 Nm.

Оние кои ги преферираат октаните и сакаат поголема моќност ќе може да ја изберат и верзијата S 450 со 3.0 литарски бензински мотор со 381 коњски сили (280 kW) и вртежен момент од 560 Nm.

Посилниот S 500 има мотор со 449 коњски сили (330 kW) и вртежен момент 600 Nm.

На старт, новата S Класа ќе биде опремена и со два хибридни мотори. Моделот S 450e комбинира 3.0 литарскиот мотор, со електромотор и батерија со капацитет од 22 kWh. Овој мотор ќе биде моќен 435 коњски сили (320 kW) со вртежен момент од 680 Nm.

Кај него забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе се врши за 5,7 секунди, а вкупниот домет на електрична енергија според WLTP изнесува 118 километри.

MB.DRIVE PARKING ASSIST на своите возачи им нуди и многу нови поволности. Тој ултра брзо препознава расположиви паркинг места на едната и друга страна на коловозната лента и нуди автоматско паркирање.

Со овој систем можете да побарате асистенција и при излегување на автомобилот од паркирната позиција, дури и ако паркирањето сте го направиле рачно што за автомобил со овие димензии знае да биде навистина згодно.

Конкретно, новата S Класа е долга – 5.194 мм, широка – 1.921 мм, висока – 1.503 мм

Мерѓуоскиното растојание е 3.106 мм, што нуди одличен комфор при возењето.

Багажникот моѓе да понуди волумен за складирање од 510 литри.

Преку центарот MANUFAKTUR, вашата S Kласа можете да ја персонализирате до крајни граници со избор од околу 150 бои на каросеријата и околу 400 бои во ентериерот.

Новата S Класа, ќе се произведува во фабриката во Синделфинген, Германија, која се смета и за една од најсовремените производни линии во светот.

Цената на луксузниот седан кој веќе може да се порачува и конфигурира онлајн, ќе започнува од околу 120.000 евра, додека со специјалните флотни попусти, компаниите ќе може да ја набават за цена од околу 102.000 евра.

Реклама