Фановите на Британскиот супер луксузен бренд Bentley, со нетрпение го очекуваа новиот Continental GT Supersports… и се чини сосема оправдано, бидејќи нивниот омилен производител им подари автентичен, спортски, супер автомобил со традиционален V8 мотор со двојна турбина и со погон на задните тркала.

Приказната со овој модел во Bentley почна под работното име Проект Милдред, во кој инжинерите си поставија задача да направат Бентли со тежина под 2 тона.
И подоцна, овој концепт, стигна во сериско производство, со мотор со зафатнина од 4 литри, без никаква помош на електрика, струја или хибриден систем кој има моќност од 657 коњски сили / 490 kW) со вртежен момент од 800 Nm.

Supersports од 0–100 km/h забрзува за само 3,7 секунди и постигнува максимална брзина од 310 km/h.
Погонот е само на задните тркала, спарен со ZF менувач со двојна спојка и осум брзини.

Под 22 инчните алуминиумски тркала се кријат најголемите јаглеродно керамички сопирачки со 440 мм напред, како и со звучен титаниумски издув на Akrapovic.

Исфрлените хибридни системи, погон на сите тркала и задните седишта, и поставањето на покрив од карбонфибер материјали, овозможија сериозно да се намали тежината на нијанса под 2.000 килограми, што гоправи овој Bentlеy најлесниот Bentlеy на светот.
Порачките на овој ѕвер на тркала ќе почнат во март 2026 година, а првите испораки се очекуваат во 2027 година.

Инаку, Bentley Continental GT Supersports, како и повеќето ексклузивни брендови, ќе се произведе во само 500 примероци, a што се однесува до цената… Се очекува најефтиниот примерок од овој Бентли да стартува од вртоглави половина милион евра.








