Нов ултра комбиниран мотор за Dacia Duster

72

Романскиот производител на автомобили Dacia, воведе сериозни новини кај својот најпопуларен модел од класата на мали SUV модели – Dacia Duster.

Во моделот кој е најодговорен за враќањето на романската фабрика на автомобилската сцена, откако влезе во прегратките на групацијата Рено, се вградува нов хибриден мотор – Хибрид G 150 со погон на сите тркала, кoj ќе биде достаен и кај поголемиот брат Bigster.

Она што е интересно е што хибридната технологија се меша и со би-фуел или дво горивната технологија, бидејќи примарно моторот е погонуван од мотор на бензин и течен нафтен гас (LPG).

А комбинацијата на двогоривниот мотор, со хибридната техноогија и погонот на сите тркала претставува светска премиера на овој систем

Кај овој нов мотор во Дастер имаме комбинација на 1,2 литарскиот мотор со моќност од 140 кс,  48 волтен благ хибрид на предната оска сo електричен мотор на задната ко испорачува моќност од 23 киловати или 31 коњска сила.

Со тоа, максималната моќност на возилото изнесува 154 коњски сили со вртежен момент од 230 Nm за моторот со внатрешно согорување и до 87 Nm за електричниот мотор.

Моторот со внатрешно согорување е спарен со автоматски менувач со двојна спојка и 6 брзини, со команди на воланот, а електричниот мотор со менувач со две брзини.

Менувачот со две брзини со електричниот мотор на задната оска е исто така светска премиера.  Тој испорачува висок вртежен момент на тркалата при ниски брзини во прватабрзина со шо се максимизираат способностите за off road возење, а во втора брзина тој нуди поголема моќност, електрично возење, моторно сопирање и оф роад перформанси

Кога возилото се движи на рамен пат со константна брзина, овој менувач може да се држи во нетрална позиција што овозможува намалена потрошувачка на гориво во 2wd модот.

Како резултат на поврзаноста на електричниот мотор со задите тркала, литиум јонката батерија сама се полни при сопирање и забавување на брзината, па погонот често може да оперира во електричен мод.

Според производителот, во услови на урбано возење новите Duster и Bigster опремени со погонот Hybrid-G 150 4×4 може да оперираат до 60% од времето на возење. Овој уникатен систем има потенцијал да ги искористи сите свои елементи и да обезбеди најекономично возење, имајќи предвид дека цената на течниот нафтен гас е на рекордно ниско ниво, а притоа добивате и автомобил за кој нема да се грижите за рангот на километри, бидејќи со двата резервоари за бензин и Течен нафтен гас од по 50 литри Dacia Duster може да помине 1.500 километри без дополнување.

Реклама