На саемот за автомобили во Брисел овој јануари, брендот што дише под капата на Стелантис Групацијата, Jeep, ја претстави својата нова линија на автомобили кои храбро движат кон неизбежните процеси на електрификација и иновација.

Иако на саемската манифестација беа официјално претставени Новиот Compass во e-Hybrid Plug-In верзија и долгоочекуваниот Compass 4xe, се прикажа и првиот целосно електричен автомобил на батерија Wagoneer S сепак најголемо внимание привлече моделот Avenger Black Edition.
Oвој специјално дизајниран Avenger, има задача на моделот, кој од своето лансирање веќе се продаде во одлични 235.000 примероци, да му даде нишка на елеганција, софистицираност и храбар стил.
Базиран е на популарниот модел во ниво на опрема Altitude со ексклузивни дизајнерски елементи во црна боја.
Автомобилот доаѓа со логоата на JEEP и Avenger во црна боја, црни 17 инчни алуминиумски тркала и црна цeнтрална конзола.

Во ентериерот е сместен и 10,25 инчен дигиален кластер, а како опционална опрема можете да порачате и JBL premium audio system и специјален зимски пакет со греени стакла и седишта.

Во поглед на опремата кај него се додадени и системот а асистенција при спуштање по удолнини Hill Descent Control, како и Selec-Terrain системот со 6 модови на возење.
Како што зјавуваат од Јееp, токму моделот Авенџер е одговорен за солидните резултати на брендот во европа. Благодарение на овој модел од B-SUV класата, JEEP има солидни 1 % маркет шер во сегментот на патнички возила и 1,8% уддел во пазарот на SUV автомобили.

Tтреба да се напомене и тоа дека Авенџер доаѓа во повеќе погонски варијанти.
Го има со бензински мотор, е-хибрид, целосно електричен и 4xe хибриден автомобил. Оваа флексибилност на моделот е особено ценета од европските купувачи, поради што Аvenger се наоѓа меѓу десетте најпродавани автомобили во B-SUV сегментот на нашиот континент.

“Нашата цел за 2026 година не е само да го задржиме моментумот,” изјави Фабио Катоне, директорот на Јееp, “туку и да се надградиме на истиот. Со комплетната линија на Аvenger, вклучувајќи ја и последната Црна едиција, сосема новиот Compass и Wagoneer S, целосно сме подготвени да oдговoриме на овој предизвик” подвлече Катоне.







