Најдобриот користен семеен автомобил

71

Според популарниот веб сајт Carwow, најдобар автомобил кој можете да го купите користен (половен), а има одлични спецификации за целото семејство е – VW Polo.

Според експертите на сајтот, причината поради која Polo ја понесе оваа титула е неговата практичност, функционалност и одличен комфор.

Во објаснувањето се потенцира дека Polo е неочекувано пространо, има простор на задната клупа за нозете и главата, скоро како кај поголемиот Golf, а повеќе од конкурентот – Corsa.

Има багажник од 351 литар, што е повеќе од Шкода Фабиа.

А има и одлични мотори, лесни за одржување и експлоатација, квалитетен ентериер и материјали на изработка и 8 инчен инфотејнмент дисплеј чувствителен на допир… Сето тоа, собрано заедно, според Carwow е доволно за да се избере Polo како Најдобар семеен автомобил, што можете да го купите како половен.

Реклама