Mitsubishi со Grandis се враќа во Европа!

212

Неочекувано, но мора да кажеме, извонредно практично, Mitsubishi се враќа на европскиот пазар и тоа со директна поддршка на компанијата со која има развиено стратешка соработка, a тоа е секако – Renault.

Азискиот бренд Mitsubishi, изненади многу фанови на стариот континент Европа, кога најави, поради сериозни финансиски загуби да се повлече од европскиот пазар во 2020 година.

Фото – Mitsubishi

Денес, пет години подоцна, Mitsubishi се враќа… и се враќа со помош на Renault, дефакто, маскирајќи ги моделите на Renault во боите, рувото и логото на Mitsubishi.

Tаа соработка почна со Mitsubishi Colt и ASX, модели кои дефакто се речиси идентични со Renault Clio и Captur, во септември продолжува со Eclipse Cross, кој ја дели платформата со Renault Megane E-Tech crossover, по што следува и семејниот модел Grandis базиран на Renault Symbioz.

Со новите модели, Mitsubishi си има поставено таргет да ја зголеми продажбата во 2025 година, во Европа, во рамката од 75.000 до 80.000 автомобили, што претставува сериозен пораст од претходната година (60.879 автомобили).

Што знаеме за Grandis?

Новиот семеен aвтомобил Мitsubishi Grandis, го носи името на моделот кој од 2003 до 2011 се продаваше како миниван со три реда седишта, а сега доаѓа како SUV со два реда седишта.

Предниот дел е речиси идентичен со моделот ASX, за кој веќе напишавме дека ги носи гените на Renault Captur, со црна маска и сребрени детали.

Страничната линија е превземена од Renault, но се додадени 19 инчни тркала на Mitsubishi.

Ентериерот

Во ентериерот, кабината изгледа речиси идентично со Renault Symbioz, со исклучок на логото Mitsubishi на воланот.

Фото – Mitsubishi

Автомобилот е спакуван за превоз на максимални 5 патници.

Инфотејнмент екранот има големина од 10,4 инчи, кровот е направен од панорамско стакло со хроматско затемнување, а моделот има многу опрема за асистенција на возачот.

Мотори

Во поглед на моторите, Grandis ќе ја користи хибридната технологија на Renault.

Конкретно, постои опција за два хибриди :

  • Лесен (mild) хибрид : 1.3 турбо бензинец со 140 коњски сили (103 kW), спарен со 6-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач (DCT).
  • Полн хибрид : 1.8 литарски бензинец, во комбинација со два електромотори со вкупна моќност од 156 коњски сили (115 kW). Овој модел е спарен со автоматски менувач и батерија со капацитет од 1,4 kWh.

Планирано е овој модел да се произведува во фабриката на Renaul во Шпанија, Ваљадолид, a продажбата ќе почне кон крајот на годината.

Реклама