Mercedes Maybach SL 680 Monogram Series

112

Mercedes Maybach го претстави својот нов спортски двосед под името SL 680 Monogram Series.

Спортскиот двосед со отворен покрив, ја интерпретира силуетата на легендарниот SL и претставува еден од најспортските модели на брендот во историјата.

Претставени се два модели – White Ambience, во бела боја и Red Ambience во светло црвена Мануфактур боја.

Ентериерот е облеан во светлина и плени со голема пространост. Во ентериерот се користи луксузната кристално бела NAPA кожа на Мanufaktur, а со својот специфичен флорален дизајн таа ги оплеменува седиштата но и страничните панели на вратите, централната конзола и местата зад седиштата.

Покрај презентираните, на клиентите им се достапни и останатите 50 Мануфактур комбинации на бои.

Двоседот е првиот модел, во кој се користи карактеристична за брендот хромирана маска или решетка, со фини вертикално поставени линии, која има форма на буквата А.

Контурите на маскатa се осветлени, како што се и буквите Маybach.

Во предниот браник се хоризонтално поставени елементите за всис на воздухот, кои се хромирани и на автомобилот му даваат дополнително агресивен спортски изглед .

И рамката на предното стакло е хромирана.

Предниот дизајн дополнително го карактеризира мускулестата хауба и високо поставеното лого на мерцедес.

Во задниот дел , задните светла го содржат логото на Мајбах.

Кога на дизајнот ќе ги додадете и атрактивните алуминиумски тркала со големина од 21 инчи, страничната линија на спортскиот SL е навистина восхитувачка.

Овој Mercedes Maybach, худи и одличен акустичен комфор.

Моќната изолација ја спречува бучавоста која доаѓа од патот.

Дури и издувниот систем е изолиран на начин да понуди оптимизиран звук.

Отворениот двосед нуди одличнивозни својства и комфор за релаксирано возење, но и за спортски стил на возење.

Кога ќе седнете во отворениот СЛ сами можете да изберете еден од програмите на однесување на возилото, моторот и суспензијата , а тоа се програмите Comfort, Maybach, Sport и Individual.

Овој супер атрактивн Mercedes Maybach е опремен со вистинска ѕверка под хаубата.

Тука е 4,0 литарскиот битурбо мотор со моќност од 430 kW (585 коњски сили) со автоматски 9G‑TRONIC менувач.

Опремен е со целосно варијабилен 4MATIC+ all-wheel drive (погон на сите тркала) и електронски контролирано зазклучување на диференцијалот на задната оска што нуди одлична тракција или прилепување напатот дури и кога патот е лизгав, со што се зголемува возната безбедност.

Стандардното управување на задната оска комбинира агилност и стабилност за возно искуство со врвна прецизнос во маневрирањето.

Реклама