На Саемот за Автомобили во Брисел, свечено беше објавен резултатот на гласањето на стручното жири на престижната манифестација – Автомобил на годината (Car of the Year 2026).

Oд седумте финалисти (прочитајте повеќе на следниот линк), жирито составено од 59 члена, од 23 земји, најмногу поени, или вкупно 320, му додели на моделот Mercedes Benz CLA.
На второто место, со 220 поени остана моделот Skoda Elroq, а трета беше Kia Ev4 со 208 поени.

Во гласањето, секој член на стручното жири имаше на располагање 25 поени, кои требаше да ги распореди на најмалку пет автомобили, а ниту еден од автомобилите за кои члновите гласаа не можеше да добие повеќе од 10 поени.
Титулата за Мерцедес има огромно значење, ако се земе предвид фактот, дека последната титула од овој тип, брендот ја доби во далечната 1974 година, за неуништливиот модел 450 SE.

Повеќе за Автомобилот на Годината 2026, можете да прочитате во нашето видео и пост од промоцијата :







