Германскиот супербренд Mercedes-Benz преку официјална прес конференција ги објави резултатите од работењето во 2025 година.
Ако се погледнат бројките во објавените биланси, оние кои не ги следеа случувањата во 2025 година, веројатно ќе останат шокирани од бројките, особено од падот на профитабилноста.

Во тој поглед, нето добивката во 2025 година изнесува 5,331 милијарди евра, што претставува пад од 48,8% во споредба со претходната година, кога беше остварена нето добивка од 10,409 милијарди евра.
| 2025 | 2024 | Пад | ||||
| Промет | 132,214 | 145,594 | -9,2% | |||
| Нето добивка / загуба | 5,331 | 10,409 | -48.8% |
Притоа, падот на прометот е изразен со само 9,2% (од 145 на 132 милијарди евра).
Генералниот директор Ола Калениус, во своето обраќање изјави дека овие резултати се движат во рамки на очекувањата, особено поради хаосот што го предизвикаа царинските стапки на Трамп, но забележителен е и сериозен пад од околу 19% на најаважниот пазар за Мercedes-Benz – Кина.

Во изминатата година беа продадени 1,801,291 автомобили од гамата на Mercedes-Benz, што претставува пад за 9,2% (1,983,403 продадени единици во 2024).
Дополнително, продадени беа и 359,136 ванови (пад од 12% споредено со 2024 година).

Што се однесува до идните проекции, компанијата во 2026 година, очекува да бидат задржани остварените резултати (промет) но и да се оствари сериозен пораст на оперативната добивка (не е проектирана бројка), а се таргетира продажба на околу 2 милиони автомобили во светот.
Порастот на профитабилноста се очекува бидејќи компанијата планира засилена продажба на автомобилите од премиум сементот, особено S и G класата, за околу 15%.







