Брендот на луксузни автомобили од семејството на Stellantis, Maserati продолжува да тоне.
Според официјалните податоци, Maserati во 2025 година продал само 7.900 автомобили во целиот свет, за 30% помалку од претходната 2024 година кога беа продадени 11.300 автомобили.

Ова е воедно и најслабиот резултат на Maserati од далчната 2012 година.
Дополнително, продадените 7.900 автомобили се сериозно под бројките на конкурентите Ferrari (со 13.640 автомобили) и Lamborghini (10.747).
Заедно со падот на продажбата, брендот оствари пад и во прометот на 726 милиони евра, споредено со претходната 2024 година кога беа прибрани 1,04 милијарди евра.
Ваквиот тренд подолго време наназад ги подгрева сомнежите дека Stellantis бргу ќе се ослободи од Mаserati, иако од компанијата во повеќе наврати потенцираа дека марката не е на продажба и дека ќе остане дел од Групацијата.

Бидејќи нема најава за нов модел, во Maserati најавија дека преку серијата Bottega Fuoriserie ќе работат на зголемена персонализација на постоечките модели и со тоа, ќе настојуваат да ја зголемат профитабилноста по единица производ.
Популарни содржини :







