Мали животинки, кои може да нанесат огромна штета

125

Oвие слатки мали животинки, можат да бидат сериозен проблем за сите сопственици на возила, особено за оние кои често го менуваат своето место и влегуваат во неистражени територии.

Малите куни, може да бидат вистиски “пекол” за автомобилите.

Во нивната диета, многу често како вистински специјалитет знаат да се најдат каблите, цревата и дихтунзите на модерните автомобили.

А ако овие мали глодари, кои знаат да бидат многу агресивни, особено во периодот кога се парат, од Март до Август, го нападнат вашето возило, штетата може да биде изразена во неколку илјади евра.

Особено ранливи на нападите од страна на куните се треилерите (или домовите на тркала), кои особено во лето, влегуваат на неистражени и несигурни места и кампови, честопати лоцирани блиску до шумска вегетација околу која се движат овие мали суштества, а во последно време и електричните автомобили кои мораат да застануваат на повеќе ризични места за полнење на батериите.

Колку сериозни може да бидат штетите на електричните возила потенцира и Џералд Литхард, ненаџер за клучни клиенти од Norbert Schaub, кој вели дека ако ваков глодар го нападне вашето електрично возило, и притоа го изгриза кабелот за висока волтажа, подоцна, од превентвни цели, мора да се смени целиот сет кабли што може да чини најмалку 7.000 евра.

Зошто куните ги гризаат каблите и цревата?

Овие мали суштества се многу територијални. Кога е времето за парење, неои од нив проаѓаат големи растојанија и влегуваат во територијата на други куни. Своето присуство и подготвеност за парење го маркираат со својот мирис. Ако домашната куна, почувствува мирис на друго суштество кое влегло во неговата територија, тоа станува многу агресивно и ги гриза сите работи, кабли и црева, на кои е оставен мирисот.

Компанијата Stop&Go има развиено неколку заштитни механизми за борба против овие несакани напади.

Постои специјален спреј со кој се отстранува миризбата која животинка од овој вид ја оставила во подвозјето, моторот и околу калниците. Со тоа, на краток рок, се спречува агресивниот напад на возилото од страна на други куни.

Вториот уред е за долгорочна употреба и тој е составенод високоволтажен, ултрасоничен уред. Овој комбиниран уред, прво, на животното кое ја допира специјалната заштита му праќа струен шок, кој е доволно силен за да го исплаши и избрка (не и да го повреди).

Ултрасоничниот систем, пак, испраќа ултразвучни бранови, кои животните ги перцепираат како повик за опасност што би требало да ги држи опасните животинки настрана од возилата.

За ваквата заштита веројатно ќе се заинтересираат и ќе ја купат, екстремно малку, “обични” возачи. Но ако обичните возачи, дошле во контакт со ваков случај, и притоа го олесниле својот паричник за неколку илјади евра, голема е веројатноста дека меѓу нив ќе се најдат сериозни и лојални клиенти на Stop&Go.

Превзeмено од Autoexperts.mk

Реклама