LIQUI MOLY Македонија и оваа година ја продолжи својата традиција и за своите најуспешни партнери во 2024 година организираше вредно наградно патување, од кое ќе останат многу убави спомени.
Македонските дилери на масла и адитиви во земјата, оваа година, имаа можност да ја поддржат македонската репрезентација во ракомет, на светското првенство во Хрватска.
На петдневниот престој во Хрватска, официјалните претставници, сопственици и менаџери на македонските компании :
- Матадор – Прилеп
- Делта Ауто Шоп – Кичево
- Том-Гор – Струга
- Униројал – Прилеп
- Љотич Јуниор – Валандово
имаа можност да се дружат, забавуваат, разменуваат идеи и да уживаат во одличната игра на нашите репрезентативци во Вараждин.

Како официјален спонзор на светското ракометно првенство, LIQUI MOLY за своите најдобри клиенти обезбеди специјални VIP влезници на натпреварите од првиот круг, како и неколкудневна опуштена дружба во Загреб и Вараждин.

“Оваа убава традиција, да се дружиме со нашите најдобри партнери на неутрален терен, е мал, симболичен чин, со кој сакаме да им се заблагодариме за нивната лојалност и посветена работа во изминатата година.” – изјави Зоран Дочински, комерцијален директор на Ликви Моли Македонија.
“Горди сме на нашата дилерска мрежа во Македонија, која секојдневно расте и ги подобрува своите резултати и искрено се надеваме дека ќе имаме уште многу вакви убави патувања заедно. Патувања на кои дополнително ќе го зацврстиме тимскиот дух и нашиот фокус кон уште подобри резултати.”








