LIQUI MOLY Македонија на своите клиенти, во вистинско време, пред зимскиот пад на температурите, им ја промовира концентрираната течност – Windshield Antifreeze Concentrate.
Концентрираната течност, која можете да ја измешате со дестилирана вода, има состојки кои фиксно ќе ја исчистат површината на вашите ветробрански стакла, а истовремено, ќе го спречи мрзнењето на шофершајбната.
Чистата или разредена течност, ќе го спречи и мрзнењето на прскалките за вода во автомобилот до температури до –52 °C.

Оваа течност на LIQUI MOLY e идеална и за новата технологија на бришење, како и за LED xenon предните светла како и за пластичните трепкачи направени од поликарбонат.
Течноста не влијае штетно а пластиката, гумените компоненти или бојата.
Испитувањата покажуваат дека течноста може да ја користите без мешање со вода, при што се превенира мрзнење на стаклата и системите до -52 °C .
Ако пак направите мешање на концентратот со вода, мрзнењето се превенира до следните температури :
- 1 литар концентрат / 2 литри вода – до -9 °C
- 1 литар концентрат / 1 литар вода – до -17 °C
- 2 литри концентрат / 1 литар вода – до -30 °C







