Новата, семејна OPEL Frontera, која во сите варијанти е електрифицирана, покрај сите свои атрибути поседува и огромен капацитет за товарање.
Во новата Frontera можете да спакувате товар од 1.600 литри, кога задните седишта поделени на 60:40, се спуштени, сосема доволен за вашиот шопинг во големите маркети или за вашето ново туристичко патување!

Frontera има и сосема солидни 460 литри волумен во багажникот, со кренати задни седишта.
Frontera е достапна и како хибрид, со пет седишта и со стартна цена од околу €23,900 во Германија, додека електричната се движи околу €28,990.








