Колку работни места “изеде” кризата во Германската автоиндустрија

132

Како резултат на повеќе фактори – глобалната криза, високите цени на енергијата, бирократијата, намалената побарувачка на домашниот пазар и намалениот извоз во Кина, Германската авто индустрија се соочува со сериозни проблеми.

Според истражувањето на сметководствената компанија EY, само минатата 2024 година, 52.000 работници ја загубиле својата работа, особено поради отказите во гигантите – Mercedes и Volkswagen.

Оваа бројка дефакто, претставува пад на бројот на работни места во авто индустријата од огромни 7%!

Реклама