Кинески BYD, со необичен тест на издржливост

39

Кинескиот BYD неодамна направи интересен тест на моделот YangWang U8, и без никакви посериозни оштетувања преживеа три удари од тешко палмино дрво на кровот.

Интересно е тоа што падот на тешкото дрво предизвика мало каросериско оштетување, без притоа да се скрши ниту едно стакло на големиот SUV.

Според Кинеските експерти, падот на дрвото имал ударна моќ, еквивалентна на ситуација во која клима уред би паднала врз кровот на возилото од 40-ти спрат.

Ова е само уште една потврда дека Кинеските производители на автомобили, веќе навистина креираат сериозни автомобили со одлични перформанси, и со врвна безбедност.

Реклама