KIA PV5 прогласен за Меѓународен Ван за 2026 година

25

За прв пат во историјата Корејскиот производител KIA ја освои наградата за Меѓународен Ван за 2026 година (IVOTY), за време на Саемот SOLUTRANS 2025 во Лион, Франција.

Комплетно електричниот ван на KIA, ја доби титулата по гласањето на најдобрите новинари кои ги следат комерцијалните возила во 26 земји.

КIA PV5 e поставен на платформата (E-GMP.S), и има автономија од 426 километри во товарната и 412 километри во патничката верзија со потполно електрично напојување.

Дополнително, полнењето од 10 до 80 проценти се прави за помалку од 30 минути.

Возилото има носивост од 790 килограми.

PV5, е достапен во Европа во верзиите Cargo Long и Passenger, а следуваат и варијантите Chassis Cab, Cargo со кратко меѓуоскино растојание (L1H1) и Висок Кров (L2H2).

Реклама