KIA го претстави новиот електричен EV5

89

Корејскиот производител на автомобили KIA, веќе го изложи својот амбициозен план за посеризно влегување во сферата на електричните автомобили.

Неговите веќе промовирани модели – EV6, EV9 и EV3 веќе се закитија со огромен број на награди во својата класа и ја потврдија сериозноста на КИА во сферата на електрификацијата

Сега, како што самите исткнуваат во КИА, дојде време да се лансира и новиот електричен SUV модел под името Kia EV5, кој заедно со EV4 има задача да ја популаризира оваа зелена технологија во палетата на Корејскиот бренд.

Според претседателот на Киа Корпорејшн, Хо Сунг Сонг, моделот ЕV5 е направен за да им се допaдне на пошироките потреби на клиентите, со посебен фокус на миленијалните клиенти.

Овој автомобил, треба да биде дом далеку од дома, во кој се комбинираат напредната конективност и динамичното возно искуство, при што особено на младите семејства им нуди идеално скроени решенија на нивниот животен стил.

Моделот ев5 е издигнат на Е-GMP ЕV платформата, опремен е со батерија од 81.4 kWh и мотор од 160 kW кој треба да понуди ранг од 530 км со едно полнење. Полнењето од 10 до 80% на брз полнач трае 30 минути.

Овој електричен SUV автомобил е долг 4.610 мм, широк 1875 мм што нуди добар комфор во ентериерот

На предницата е поставена мускулеста хауба, со тридимензионални  ‘Star Map’ дневни светла, како нова интерпретација на тигарското лице – чисто, високотехнолошко и лесно препознатливо.

Гледано странично, ЕV5 има навидум коцкаста, но истовремено и динамична силуета со геометриски контури и храбро поставени вертикални линии, кои даваат силен визуелен волумен.

Моделот има алуминиумски тркала со големина од 18 и 19 инчи.

Ако ја погледнеме задницата доминира широката задна хауба со вертикално поставени стоп светла кои дополнитено го истакнуваат СУВ дизајнот на овој електричен автомобил.

Во ентериерот KIA ЕV5 – е опремен со софистицирана трозонска клима со која сите патици, вклучувајќи ги и оние во задниот дел, може да уживаат во персонализирано подесување на температурата.

Простраиот ентериер е опремен со панорамски широк диспеј што комбинира инструмент кластер со големина на 12,3 инчи, инфотенмент екран со иста големина и уште 5 инчен дисплеј за контрола на климата

Како опција може да се порача и хед ап дисплеј, кој ги проектира најважните информации во видното поле на возачот.

Кога не се користат седиштата на втриот ред може да се скопат до 0 степени, со што директно се поврзуваат со багажниот простор и формираат голем простор за складирање.

EV5 исто така, нуди и Пет Моde, со кој се одржува оптимална внатрешна температура, со која се гарантира комфоот и на евентуаните миленици кои се возат или чекаат во автомобилот, што е дополнително својство насочено кон дефинирањето на автомобилот како автомобил соодветен за семејно користење.

 Луѓето од КИА во ЕВ5 ги вградиле најнапредите системи за безбедност на возачот и патницие, а тука се и системите за асистенција на возачот при управување на автопат, како и системот за асистенција на паркирањето од далеку.

Шт се однесува до возењето, бидејќи батеријата е поставена ниско во подот се постигнува понизок центар на гравитацијата кој пак ги подобрува стабилноста и агилноста, споредено со други СУВ модели.

Ев5 ќе апочне да е испорачува во Кореја и европа во втората половина на 2025 година.

Реклама