KIA го претстави моделот EV2

90

На Саемот за Автомобили во Брисел, Корејскиот производител KIA реши на јавноста на нашиот континент да и го претстави својот најмал член на електричното семејство на автомобили.

Се работи за новиот EV2, кој сосема очекувано, како и неговите браќа во електричната фамилија на KIA, доаѓа во коцкеста форма.

Кај новиот EV2 веднаш паѓаат во очи светлосните групи на прердниот и задниот дел од автомобилот.

Предните светла се поделени, поставени по вертикала, и целосно превземени од концептниот модел. Нивната форма веднаш го сместува новиот електричен адут на KIA во категоријата на светски популарните кросовери.

Интересен е и деталот со задните светла кои се спуштени долниот дел од каросеријата, веднаш над задниот браник.

Основните модели доаѓаат со алуминиумски фелни со големина од 16 или 18 инчи, а спортската верзија GT-Line може да се набави со фелни од 19 инчи.

Во ентериерот, кај автомобилот највпечатлив е инфотејнмент системот.

Составен е од два главни екрани со големина од 12,3 инчи во дијагонала. Едниот од екраните е дигиталната инструмент табла на која се проектираат основните информации поврзани со автомобилот, а вториот е мултимедијалниот екран чувствителен на допир, одговорен за навигацијата и забавното возење на кратки и долги релации.

Меѓу нив е сместен и додатен мал панел од 5,3 инчи преку кој се контролира климата во автомобилот, а кој визуелно ги поврзува инструмент таблата и мултимедиумскиот дисплеј во една целина.

Во моделот можете да изберете и варијанти со две или три задни седишта.

Иако моделот е долг само 4.060 мм, во варијантата со четири седишта ЕV2 нуди прилично богат простор за товарање од 403 литри, додека верзијата со пет седишта е ограничена на волумен за товарање од 362 литри.

Дополнително, кај него во предниот дел под хаубата имате идополнителен багажен простор кој ка овие модели го носи името “frunk” и нуди капацитет од 15 литри.

Во поглед на перформансите, новиот EV2 можете да го добиете со две батерии. Основната верзија доаѓа со батерија со капацитет од 42,2 kWh која овозможува домет според WLTP стандардите до 317 километри, додека поголемата батерија доаѓа со капацитет од 61 kWh која го зголемува дометот на 448 километри со едно полнење.

Моделот со помалиот домет развива моќност од 147 кс (108 kW) и од 0 до 100 km/h забрзува за 8,6 секунди, додека верзијата со поголемата батерија, логично делува за нијанса потромо, има 10 коњски сили помалку, и до 100 кm/h забрзува за 9,5 секунди.

Двете верзии имаат електронски ограничена максимална брзина на 160 km/h.

Реклама