Казна за пијани возaчи во Белгија – 1.260 евра! Плаќање – однапред

148

Во земјите од Европската Унија, многу често казните за возачи под дејство на алкохол или опојни дроги е драконско.

Сличен е и законот во Белгија, според кој странците запрени од полицијата за кои ќе се утврди дека имаат алкохол во крвта над дозволените граници (за обични возачи границата е 0,5 промили, а за професионални возачи 0,2 промили), имаат обврска веднаш и авансно да ја уплатат минимално предвидената казна за овој прекршок од 1.260 евра – како аванс.

Овој аванс ги вклучува казната за прв прекршок од овој тип и судските трошоци.

Ако не го уплатите овој аванс, полицијата има право да ви го одземе возилото, најпрво на 96 часа, а подоцна и на подолг временски период.

Доколку по некоја игра на случајноста, бидете ослободени од вина, што е тешко веројатно, авансот ќе ви биде вратен.

Според информациите на весникот Brussels Times, секој ден десетина странски возачи се фаќаат како возат под дејство на алкохол, а дополнителни три лица под дејство на разни видови на наркотици. Според истиот извор, по основ на овој закон државата изрекува казни во вредност од над десет милиони евра годишно, иако голем дел од истите остануваат неплатени.

Реклама