Камионите на Volvo, маркет лидер во Европа

253
Фото - Volvo

За прв пат во историјата, Volvo Trucks стана маркет лидер во Европа за 2024 година, во сегментот на тешки камиони со маса од 16 тони и повеќе.

Во минатата година компанијата продала во Европа 56,331 камиони од оваа категорија што претставува 17.9% од пазарот.

Пазарите во кои е остварен најголем дел од продажбата се Велика Британија, Франција, Германија, Полска и Шпанија.

Фото – Volvo

Според претседателот на Volvo Trucks, Роџер Алм, големо влијание на продажбата има новолансираниот во 2024 година FH Aero камион, кој може да се набави во верзија со електрични, гасни и дизел мотори. Нашите клиенти го бираат Volvo поради економичноста, но и поради сериозното намалување на CO2 во атмосферата. – изјави Алм.

Реклама