Откако Италија реши сериозно да се зафати со решавање на бројни проблеми во сообраќајот, кон крајот на минатата година стапија на сила многу поригорозни казни.
Меѓу нив, сериозни станаа санкциите и за користење на мобилните телефони додека се вози.
Само по овој основ, во период од 14 декември, 2024, за неколку месеци биле одземени дури 9.000 возачки дозволи, што е половина од вкупно одземените возачки дозволи како резултат на сообраќајни прекршоци.

Според пресметките, секој ден во Италија се одземаат околу 100 возачки дозволи.
Според новите прописи, возачите кои за прв пат ќе бидат фатени како го прекршуваат законот за некористење на мобилен телефон, добиваат забрана за возење од две недели до два месеци и парична казна од 250 евра до 1.400 евра.
Властите велат дека овие мерки веќе даваат моментни резултати, бидејќи бројот на загинати во сообраќајни податоци е намален за 20%, а вкупниот број на сообраќајни незгоди за 5,5%.







