На специјалниот евент во O2 Aрената во Лондон, на спектакуларен начин кој наликуваше на моменти на голем рок концерт, пред околу 15.000 возбудени фанови, беа претставени сите 20 возачи од 10-те тима кои оваа година ќе се тркаат во летечкиот F1 циркус.
Настанот се викаше F1 75 Live, поради 75 годишнината од постоењето на F1.

Секој тим доби период од 7 минути во кои ја правеше својата презентација следен од огромниот тв екран во позадина.
Имаше играње, пеење, огномет…

Манифестацијата ја водеше актерот Џек Виленхол, кој му даде еден свеж и хумористичен дух на овој планетарен спортски настан.
Се чини дека и покрај многуте сомнежи околу тоа како ќе изгледа и на што ќе личи, овој настан сепак помина во одлична атмосфера и беше супер вовед во новата сезона.









