Импресивно лансирање на сезоната во MOTO GP

161

МОТО GP ја започна својата приказна за 2025 година во Бангкок!

Ова беше прво лансирање на MOTO GP сезона во историјата, а се чини дека и немаше подобро место за да се подгрее атмосферата пред стартот на сезоната од Бангкок.

Моторциклите кои ќе се натпреваруваат оваа сезона, пристигнаа на легендарните Tuk-Tuk мотори со три и четири тркала кои се користат како такси превоз во многу Азиски земји.

Се случи и спектакуларната фотографија на сите натпреварувачи пред мермерниот храм, а имаше и неколку евенти на кои уживаа тркачите но и нивните фанови.

Дел до случувањата можеа да се следат и онлајн во живо.

Очигледно, не чека добра сезона, а еуфоријата полека се крева на високо ниво.

Реклама