Најголемиот провајдер на кар шеринг системот (систем во кој ги користите и оставате за определен надомест или претплата, возилата во флотата на компанијата) Free2move во соработка со Ample нуди одличен систем во кој батериите ќе може да се менуваат во перио од само пет минути.
Оваа новина би требало сериозно да го олесни користењето на електричните возила, кај кои како најголем проблем се истакнува недоволно развиената мрежа на полначи и долгиот период на полнење на батериите.
Експериментот почнува со 40 возила Fiat 500e, кои веќе се хомологирани и може да се користат на посочениот начин, а ако е се во ред, наскоро флотата треба да порасне на 400 возила.
На почетокот проектот со менливи батерии започнува во Мадрид, но потоа се очекува да се прошири и низ цела Шпанија и пошироко, а Stellantis Групацијата, логично, ја подржува одличната идеја на Free2Move.







