FIAT ја шири својата палета на моделот 600 со новиот Fiat 600 Petrol со бензински мотор и мануелен менувач.
Овој нов погон ќе ги надополни веќе промовираните електрични и хибридни верзии.
Во срцевината на новиот 600 Petrol е новиот Турбо мотор со 100 коњски сили, спарен со нов шесто-степен мануелен менувач.
600 Street: Специјална едиција за лансирањето
За да го одбележи лансирањето на новиот 600 Petrol, FIAT го креираше специјалниот модел 600 Street, со препознатлиув урбан дизајн, кој ќе се произведе во само 2.000 примероци.
600 Street ќе дебитира со екстериер во две бои, кои го истакнуваат неговиот храбар и динамичен карактер. Тука се и црните детали на логоата, рачките за врати и предната масла, како и моќните 18 инчни алуминиумски тркала во црна боја.







