Германскиот канцелар Олаф Шолц, на светскиот економски форум во Давос, најави дека сите земји од Европската Унија ќе воведат нови субвенции за електричните возила.
Поголемиот број на земји од Унијата, претходно ги укинаа субвенциите за електрични возила, што е и една од главните причини за сериозниот пад во нивната продажба.
Со новите субвенции, се планира процесот повторн да се сврти, да се зголеми продажбата на електричните автомобили и со тоа да се влијае на заштитата на животата средина.
Предлогот предвидува во секоја земја од Унијата, да се доделува специјален бонус кој ќе се доделува на сите лица кои ќе купат електричен автомобил.
“Електричната мобилност е иднината, во тоа нема сомневање. А сите кои тврдат поинаку сакаат да и наштетат а нашата индустрија.” Изјави Шолц во своето обраќање.







