Делфино блеска и во Албанија

61

Само неколку дена по големата забава на Делфино Мобилити Груп во Скопје, на која компанијата прослави јубилеј од 30 години постоење и континуиран развој, Делфино заблеска и во Албанија.

Во строгиот центар на главниот град, Тирана, првите луѓе од компанијата, предводени од двете генерации на семејството Тоневски, организираа блескава забава на која официјално го лансираа својот настап на Албанскиот автомобилски пазар.

На настанот беа презентирани 12 возила од брендовите кои ги застапуваат на пазарот – Geely, Farizon, KGM, Lotus и Riddara, а веќе во 2026 година на семејството ќе се придружи и Zeekr.

Во рамките на групацијата Делфино, со двегодишно присуство е и Sixt Albania, во која се нудат професионални услуги за изнајмување возила.

Дополнително, од компанијата известија дека електричниот Geely EX5 како Race Pace Car ќе го води Тиранскиот маратон 2025, најголемиот спортски настан во Албанија.

Реклама