Оваа вест како бомба одекна на Германскиот автомобилски пазар!
Моделот Citroen e-C3 Urban Range, можете да го купите и поседувате по цена од само 7.990 евра!
Математиката е едноставна. На основната цена од 19.990 евра државата доделува субвенција од 6.000 евра, а Францускиот производител додава идентичен износ (6.000 евра) во форма на дополнителен попуст.
На тој начин се доаѓа до неповторливата цена од само 7.990 евра колку треба да издвоите за да го имате овој модел во варијантата YOU.

Целта на кампањата е да се направи електромобилноста подостапна за обичните корисници, иако се претпоставува дека зад оваа акција се крие потребата на брендот да продаде повеќе електрични автомобили со кои ќе се приближи до наметнатата годишна емисија на CO2 и со тоа да се платат помалку пенали на Европската Унија.
На крајот на краиштата, која и да е причината која стои зад кулисите, најголем бенефит имаат германските граѓани кои за само 8.000 евра може да го возат електричниот урбан автомобил на Citroen со домет од 204 километри.

Треба да се напомене дека државната субвенција се однесува само на приватни купувачи, не на флоти, и тоа за семејства кои имаат максимален годишен приход од 80.000 евра.







