Авто дилер во Америка, фатен во измама со фризирани километри

262

Американскиот судски систем го осудил лицето Сајмон Нвару, сопственик на дилерство за користени автомобили во Охајо, откако утврдиле дека во најмалку осум случаи, биле правени измами со бројката на изминати километри.

На предметните автомобили, им била намалувана километражата на одометарот за 120 до 160 илјади километри, со што сопствениците на овие користени автомобили претрпеле огромна финансиска загуба.

Канцеларијата на адвокати во САД, имаат проценка дека во земјата, секоја година се прави штета на овој начин кон граѓаните во вредност од околу 1 милијарда долари.

Осудениот измамник напоравил сериозен федерален прекршок, и се соочува со казна до три години затвор.

Реклама