Audi го претстави новиот RS 5

80

Германскиот бренд на луксузни автомобили AUDI, го претстави својот нов спортски модел RS 5 кој воедно ќе биде и првиот плаг-ин хибрид со високи перформанси во рамки на брендот од Инголштад.

За прв пат во Audi Sport, погонот на овој спортски плаг ин ги комбинира моќниот 2,9 литарски V6 твин-турбо мотор со 510 коњски сили со електричен мотор со моќност од 130 kW.

Како што изјави генералниот директор на AUDI, Жерно Долнер, кај новиот RS5 – “софистицираната техничка вкрстеност на моторот со внатрешно согорување и електричната моќност ги носат перформансите и ефикасноста заедно на сосема нов начин кај Audi.”

Дизајн и Две каросериски изведби

Новиот Audi RS 5 доаѓа во две каросериски изведби – како седан и караванска (или Аvant) изведба и двете подеднакво спортски и агресивни во својот дизајн.

Моделот е за 9 сантиметри поширок од стандардниот A5 модел, благодарение на мускулестите спојлери од двете страни, што на автомобилот му дава агресивна и мускулеста форма.

Двата имаат долго меѓуосовинско растојание, големи тркала и спуштено тело, кои дополнително го истакнуваат спортскиот карактер.

Може да се порачаат со големи сортски тркала во црна боја од 20 и 21 инчи.

На предницата доминира темната маска во еден дел и во тродизмензионална форма на саќе од мед, а за уште поагресивна предница маската е поврзана со воздушни завеси (Air Curtains) преку кои проаѓа воздухот околу предните тркала.

За уште поспортски изглед можете да изберете и затемнети предни Matrix LED светла.

Аudi Sport Пакет

Кај моделите RS 5 Avant2 и RS 5 Sedan може да се избере и опционален Audi Sport пакет во кој влегуваат ексклузивни елементи како што се динамички предни и задни браници, 21 инчни фантом црни спортски тркала во две бои направени со дијамантско сечење.

Дополнително се добива и RS спортски издувен систем и повисока максимална брзина од 285 km/h.

И во ентериерот се вградени ексклузивни елементи како што се контрастниот вез во Serpentine зелена боја.

Ако сакате и уникатен модел, можете за прв пат да ја изберете Bedford зелената металик боја,а тука се и RS керамичките сопирачки со калипери во бронзена боја и карбонски елементи на камуфлажа, кои го комплетираат спортскиот изглед.

Спортски плаг-ин хибриден мотор

Како и кај секој спортски модел, најважни се перформансите под хаубата, иако кај хибридните модели перформансите не доаѓаат само од тоа местона автомобилот.

Какошто веќе наведовме, кај Audi RS 5 се спарени подобрениот 2,9 литарски V6 TFSI мотор со внатрешно согорување кој испорачува 375 kW (или 510 коњски сили).

Моторот е посилен од претходниот модел за 44 kW како резултат на континуираните подобрувања на перформансите од страна на тимот во Audi Sport.

На посилниот мотор со внатрешно согорување, додаден му е и електричен мотор со моќност од 130 kw (177 PS) со што автомобилот добива вкупна моќност од 470 kW (639 PS) и вртежен момент од 825 Nm.

Електричниот мотор и 400 волтниот електричен систем се погонувани од батерија со капацитет од 25.9 kWh (22 kWh нето).

Со тоа новиот Audi RS 5  може да забрза од 0 до 100 km/h за импресивни 3.6 секунди.

На струја Audi RS 5  може да постигне домет до 84 километри, а во град и до 87 километри.

Хибридниот мотор е спарен со хибридизиран 8 степен менувач и целосно нова задна осовина со електро механичко векторирање на вртежите.

Дополнително, кај овој модел, погонот quattro со динамичка контрола на вртежите (Dynamic Torque Control) го промовира првиот електро механички векторски систем на вртежниот момент во сериски модел.

Ентериер, мултимедиа и конективност

Ентериерот на RS 5, сосема логишно е модерен и ориентиран кон возачот.

Во центарот е поставен самоносечки, тенок Audi MMI Panorama дисплеј кој ги покажува сите најважни информации за возилото.

Составен е од 11.9-инчен Audi виртуелен кокпит 14.5-инчен MMI Екран чувствителен на допир, има заоблен изглед и е погонуван од OLED технологија.

Во автомобилот како стандарден се вградува и 10.9-инчен дисплеј за совозачот. Екранот е направен со идеја, совозачот да му помага на возачот во оперирање со возилото и функциите на навигацијата – или преку него тие едноставно може да уживаат во мултимедијалните содржини додека се возат.

Преку виртуелниот кокпит во RS 5  возачот може да ги следи висината на вртежи, брзината, светлото за менување брзина, а професионалните возачи може да ги следат и податоците за – G силите, температурата и притисокот на секоја гума, времето на кругот, како и детални информации за погонот, моќта и забрзувањето.

Имајќи предвид дека се работи за плаг-ин хибрид, на екранот, сосема логично може да се следи и протокот на енергија при забрзување и при сопирање, а може да се следи и состојбата на енергија во батеријата.

Во спортскиот модел, очекувано, се вградени спортски седишта, на предниот и заден дел.

Предните седишта обезбедуваат одлична страничка поддршка, одличен комфор и при подолги патувања. Овозможени се и опциите електрично прилагодување на позицијата, а седиштатат имаат и масажа што повторно овозможува долги и комфорни патувања.

Клиентите во ентериерот може да бираат помеѓу пет изведби во различна боја.

Огромен простор за товарање во Аvant изведбата.

Реклама