Alfa Romeo го претстави новиот Junior Sport Speciale

36

Италијанскиот производител на атрактивни спортски автомобили Алфа Ромео, нодамна го претстави својот нов Junior Sport Speciale од моделска година 2026, со што брендот се враќа натрадицијата на специјални серии во кои се споени спортските емоции, елеганцијата и напредната технологија.

Junior Sport Speciale е атрактивен спортски компакт, кој делумно ги користи и атрактивните материјали и детали употебени и на неодамна презентираниот роект Алфа Ромео Тонале.

 Ако го погледнеме однадвор, италијанскиот атрактивен дизајн веднаш паѓа во очи, особено поради светлиот црн боди кит, збогатен со сребрени ленти на страничните лајсни и браниците, специјално поставените штитници, 18 инчните алуминиумски тркала во дуален тон и ексклузивниот  “Sport Speciale” амблем кој дополнително ја нагласува неговата уникатност.

Во внатрешноста, греење на седиштата, електрично подесување на истите, Алкантара навлаки со светло обоени држачи за главата.

Истиот овој материјал ги покрива и предната табла, панелите на вратите, а воланот е обложен во кожа и Алкантара материјал со контрастно обоени конци на шиењето кои го одразуваат спортскиот карактер на Алфа Ромео.

Алфа ромео Junior Sport Speciale е опремен со системи за асистенција на возачот за автономно возење на Ниво 2, во кое покрај другото се вградени адаптивен  Cruise Control, менаџмент во сообраќајниот метеж, Matrix LED предни светла и навигациски систем со интегриран TSI.

Моделот е опремен  со задната камера со 180 °, како и со паркинг сензори кои покриваат површина од 360°.

Дополнително, вграден е и систем за безконтактно отварање на задната хауба, безжично полнење на паметен телефон, ретровизори кои се склопуваат електрично со детектор на објект во мртвата точка, и спецјален аудио систем со 6 звучници со преден и заден усб порт.

На барање на клиентите автомобилот може да е добие и со сончев покрив.

Што се однесува до моторите,  Sport Speciale е опремен со хибриден мотор со 145 коњски сили и погон на предните тркала,

Како втора опција се издвојува хибрид со погон на сите тркала и моќност од 145 коњски сили, а тука е и 100%-но електричен мотор со моќност од 156 коњски сили.

Цената на специјалниот модел почнува од околу 39.900 евра.

Реклама