Американскиот бренд на електрични возила Tesla, заклучно со месец мај во 2025 година, пет месеци по ред е во сериозен пад, споредено со истиот период лани.
Собрано заедно, со 76.459 возила продадени во првите пет месеци од 2025 година, Тесла забележа пад од 37,1%!
Притоа, треба да се потенцира дека падот на продажбата на Tesla не го следи трендот на пазарот, бидејќи пазарниот уддел на електричните возила во Европа во 2025 година порасна на 17,1%, споредено со маркет шерот лани од 13,1%.
Една од причините за овој пад, секако лежи во ексцентричните постапки на Американскиот милионер, кој отворено го поддржа Трамп, се вработи во неговата Влада, и за само неколку месеци успеа да се искара со него.
Но веројатно, причините се и подлабоки од ова, а треба да се бараат во фактот што моделите на Тесла се веќе “застарени”, Model S е 13 години на пазарот, а Моdel X – 10.
Дополнително, расте конкуренцијата во европските, но пред се, и во кинеските автомобили на електричен погон кои полека го освојуваат европскиот континент.







