Експертите на Mercedes-Benz, смислија специјална боја за автомобили, која има соларни својства и која може да обезбеди возење до 14.000 километри годишно, што веројатно е и просечна километража што ја поминуваат возачите и во нашата земја.
За да се оствари оваа цел, потребно е да се исполнат неколку услови,од кои најзначајниот е на дневна основа да се возат околу 39 километри, а во тој случај специјалниот слој на бојата ќе генерира сосема доволно енергја за воопшто да не ги полните батериите на автомобилот.
Проектот се базира на соларни ќелии со ефикасност до 20% и кои во континуитет може да создаваат излезен напон од 800 волти.






