Застрашувачко блиндирано Ламборгини!

222

Познатиот тјунер Rezvani, со својата најнова креација, им ги остварува сништата на сите богаташи кои сакаат да се чувствуваат како Бетмен.

Овој модел кој го носи името Витез, а делува како директно да излегол од светот на Лудиот Макс, ќе биде произведен во лимитирана серија од само 100 примероци, а својот изглед го базира на воената машинерија, па согласно тоа, може да се порача и како блиндирано возило, со дополнителна опрема и гас маски.

Задоволството да го возите Црниот Витез на Rezvani, ќе ве чини околу 150.000 долари… но ова е цена само за надградбата. За да го добиете овој мобилен монструм, треба сами, во погонот на Rezvani да однесете Lamborghini Urus (кој пак, самиот чини околу 250.000 долари).

Витезот се тркала на 22 инчни тркала, кои пак се обвиткани со 33 инчни гуми со off road шара.

И покрај својата тежина, Rezvani ветуваат одлични перформанси на својот тенк, и забрзување од 0–100 km/h за само 3 секунди, а оваа моќ произлегува од 4.0-литарскиот twin-turbo V8 мотор со 800 коњски сили.

Aко имате доволно средства, се подготвувате за крајот на светот и сте вљубеник во авантуристичките стрипови и филмови… Витезот е одлично решение за вас.

Реклама