Според последното истражување на консултантската куќа Oliver Wyman, постои огромна разлика во трошоците за работна сила во Германија и останатите земји во кои се произведуваат автомобили.
Тоа е и една од главните причини поради кои производството на автомобили во домашната индустрија во последните неколку години доживува огромен пад од околу 25%.
Во анализата биле опфатени 250 фабрики во светот, и заклучено било дека во Германија се најголеми трошоците за работна сила по единица произведено возило и истите изнесуваат околу 3.300 долари (со вклучени нето плати, давачки кон државата и пензиско осигурување).
На самиот врв од оваа листа се и Велика Британија (2.333 долари), Италија (2.067 долари) и Франција (1.569 долари).
Колку чини трошокот за труд, по возило во Кина?
За компарација, овој трошок во Кина изнесува само 585 долари.
Но, трошокот за работна сила по автомобил, не е најнизок во Кина. Така на пример, во Турција истиот изнесува 414 долари, во Мексико 305 долари, Романија 273 долари, а вистински рај за производство на автомобили, поред студијата очигледно е Мароко, со трошок од само 106 долари по произведен автомобил.
Студијата заклучува дека оваа ситуација е неодржлива, дека Германската индустрија и понатаму ќе тоне, а помалите производители, ако не го дислоцираат своето производство во други земји, несомнено ќе банкротираат.
Во продолжение, погледнете ги податоците за дел од земјите опфатени со истражувањето.








