Сакате дом, дизајниран од Brabus?

141

Brabus е познат светски тјунер, кој низ годините направи автомобили со врвни перформанси и изглед во брендовите Mercedes, AMG и Smart, но и во други полиња – како што се спортски бродови и моторцикли.

Сега, Германскиот суперспортски бренд, реши да влезе и во сегментот на луксузни недвижности, и тоа го направи со БУМ, бидејќи купи и развива цел остров на Блискиот Исток.

Островот е лоциран во Абу Даби, блиску до центарот и аеродромот, распостран ан површина од околу 100.000 м2.

Во овој огромен комплекс ќе има 450 луксузни домови, од кои 350 ќе бидат луксузни апартмани распоредени во 4 високи кули, и уште околу 100 посебни вили.

Апартманите се со површина од 107 до 456 м2, а вилите ќе бидат уште поголеми, со директен пристап до плажата и сопствени базени.

Инаку, домовите, ќе може да се прилагодат (кастомизираат) специјално за секој клиент, кој ќе може да избере некој од мотивите вградени во спортските автомобили.

Градбата на овој BRABUS комплекс ќе почне годинава, а првите апартмани би требало да почнат да се предаваат на клиентите во 2028 година.

Реклама